ПЕНЗИОНЕРКИТЕ ИГРАА ЗА ОСМИ МАРТ

По две пандемиски години прилепските пензионерки го одбележаа Денот на жената Осми март на посебен начин. Повеќе од 250 пензионерки со педесеттина гостинки од Неготино се веселеа, играјќи ора и дружејќи се меѓу себе. 

Гостинките изразија благодарност за поканата за дружење, а Снежана Димеска, претседателот на активот на жени, пензионери, укажува на значењето на овој  меѓународен ден.

Претседателот Славко Трајкоски укажа дека во прилепската асоцијација четири години се негува родовата застапеност на пензионерките во органите и телата. Така во Собранието се 18, а пензионери 19. Во Извршниот одбор колку што се мажи, толку се жени. Овој тренд се практикува и во органите на разграноците.

Loading