ЛИТУРГИСКИ ХИМНИ ВО ПРОЕКТОТ „ТЕРИРЕМ“

Со многу љубов и трпение, пејачката Сузана Спасовска и сограѓанинот Гоце Секулоски и вокалниот клирос “Пелагонитиса” работат на  црковниот проект “Терирем”. Како што пишува Спасовска станува збор за православни литургиски химни кои пејачката со својот беспрекорен глас ќе се обиде да ги доближи до граѓаните. Во тоа и помага Секуловски (поддршка, консултации, вокал).

Ова е обид, одбраните верзии на православните литургиски химни да бидат доближиме до народот и помладата популација.

– Црковните песнопоенија и фолклорот се природно поврзани, а Бог ни дал слобода секој да ги почувствува на свој начин во своето срце – пишува Спасовска.

Планирани е промоција на албумот и концерти.

Loading