ЗАЕДНИЧКИ ДО ПОГОЛЕМА ПРОДУКТИВНОСТ

Ирена Јакимоска, претседател на Регионалната стопанска комора Прилеп

Конструктивни и прагматични беа дискусиите на стопанствениците на седницата на Управниот одбор на Регионалната стопанска комора, на која присуствуваше градоначалникот Борче Јовчески, почесниот конзул на Украина во земјава Сашо Наумоски, директорите на јавните претпријатија и институции. Констатирани се придвижувања кои ќе предизвикаат позитивни промени.

Каква е актуелната состојба во прилепското стопанство?

Предизвиците и проблемите се составен дел од работењето. Ние сме тука да ги менаџираме и канализираме во интерес и во согласност со законската регулатива. Присутен беше и градоначалникот. Разговаравме на многу теми. Актуелната состојба во стопанството особено во делот на регулативата. Главен акцент ставивме на Законот за работни односи, кој ќе претрпи одредени промени кои ги штити, пред сé, неработниците отколку работниците. И така се соочуваме со ниска продуктивност, и еден од начините како да се подобри, законодавците, со работодавците и претставниците на синдиктот треба заедно да седнат и направат промени за подобра продуктивност. Заклучокот е Законот за работните односи да биде во интерес на стопанствениците. За жал, Уставниот суд е дециден за неделата за работен ден. Новиот закон за работни односи има одредени недостатоци. Се надеваме дека законодавецот ќе ги слушне нашите забелешки, во интерес на продуктивноста на трудот и иднината на нашите компании и нивната конкуретност на евроските пазари и дека ќе биде адаптиран на потребите.

Каква е соработката со локалните власти?

Ја презентиравме соработката на одделението за локален економски развој и канцеларијата на Регионалната стопанска комора. Воспоставивме форма, еднаш неделно, претставниците да седнуваат и да разговараат за акционите планови, нивната реализација за потребите на општеството и стопанството, можност за јавно приватно партнерство, можност за процесирање на дополните дозволи за градење и поставување на фотоволтаиците, можност за внесување на нови европски фондови за подобрување на стопанството и животот на граѓаните. И ред други можности како што се презентација на дата база на ентитетот на стопанството на нашиот град преку каталози, посета на збратимените градови од локалната самоуправа. Многу е битен фактот што веќе имаме промен. Само со работа и конкретни мерки можеме да дојдеме до целта. Мора да се бориме системски, за  континуиран процес. Ништо да не зависи од промената на локалната власт. Нашите ингеренции на централно ниво се помали, но на локално, со заедничко делување, може да направиме повеќе.

Како да се надмине недостигот на работна сила?

Има предлог за “увоз” на работна сила со несреќата која се случи во Турција и да се решат инфраструктурните можности да може да се сместат семејства од загрозените подрачја кои би можеле да ги инкорпорираме во системот на општеството. Како стопанственици треба да се произнесеме во делот на тоа кои ни се потреби за потенцијална работна сила и кој тип на структура ќе ни биде потребен за одреден временски период. Таа дата база да ја пренесеме во локалната самоуправа и заедно со нивните градови кои се соочуваат со непријатната ситуација и обезбедена инсфраструктура за тие потенцијални семејства да може да ги донесеме како потенцијална структура за работна сила.

Loading