ПРИЛЕП КОМПЛЕТ СО ТРЕНЕРОТ И КАПИТЕНОТ!

Ракомет

Дванаесет дена веќе се подготовуваат ракометарите од Прилеп, екипата, член на машката Супер лига на Македонија. Се тренира по двапати дневно во салата на СОУ “… Ричко”. Сее приклучија двајца, Грузиецот Реваз Чантурија – десното крило и шеф на Стручниот штаб и Давор Шокоски – бекот и капитен. Заминат зимава во Германија само искусниот пивот Пеце Ѓорѓиески.

– Наша цел е опстанокот, поточно директниот опстанок со петтото место во плеј-аутот. Сигурно ќе опстанеме, оти иако сме млада екипа, имаме квалитет – оптимист е левото крило Христи Бикоски.

До 12 февруари кога е стартот на плеј-аутот од Супер лигата, се очекуваат барем неколку пријателски меча на Прилеп.

Loading