ДЕСПИНА ГО ЗАДРЖУВА ЕСЕНСКИОТ КАДАР

Фудбал: Жени

Осми ден екипата Деспина гсе спрема за претстојната фаза од првенството во фудбалската Прва женска лига на  Македонија. На теренот со вештачка трева, шефот на Стручниот штаб Стевче Талески со асистентот Диме Аџулески работат со фудбалерките на кондициски план. Клубот реши засега да не доведува нови, затоа што го задржува потребниот квалитет.

– Мошне млада екипа сме. Претендираме на четвртото место до кое стигнавме есеноска. Не планираме нови играчи. Доволно е што ги задржуваме досегашните. Фудбалерките од странство, Босанката Иман Шљиво, Србинките Жељана Максимовиќ и Николина Батиниќ, кон тренинзите ќе се приклучат на 1 февруари – рече Талески.

За напролет не се заборава на Купот, каде е борбата за влезот во четвртфиналето дома со Тиверија, а во првенството дерби-мечевите се: дома со втората Саса од Каменица, на гости со третата Тиверија во Струмица и лидерот Љуботен во Тетово. Дотогаш во план се пријателски средби.

Loading