ДЕСПИНА ГО ЗАДРЖУВА ЕСЕНСКИОТ КАДАР

Кошарка

Минатата седмица во салата на ОУ “Добре Јованоски” стартуваа подготовките на Мега баскет, за пролетниот дел од кошаркарската Трета лига Б-група. Тренерот-играч Стефан Стевананџија доби нов во играчкиот кадар, 23-годишниот плејмејкер Давид Петрески. Тој е член на клубот, а се враќа по куса пауза.

– Можно е да се приклучи уште еден нов. Остануваат сите досегашни. Тренираме секој ден. Проблем се повредите на неколкумина кошаркари – вели Стевананџија.

Првенството во кое Мега баскет е лидер на табелата, продолжува на 4 февруари дома со Гостивар.

Loading