„ИНСПИРАТИВНА ВИСТИНА“ НОВА КНИГА ОД ОРДЕ ЃОРЃИОСКИ

“Инспиративна вистина“ е новата книга од д-р Орде Ѓорѓиоски, која говори за духовното воздигнување, личните победи и враќањето на вистинскиот пат.

-Целта на делото не е да се води расправа или да се негира, потврдува нечие мислење, туку да се пробуди свеста за една појава, толку присутна во општеството во кое живееме, а толку многу потиснувана и желна за промоција… Книгата е за читателите кои трагаат по разбирливи одговори, во кои може да се пронајдат и да се идентификуваат со избран јазик за пренесување на мислите… Содржината е искрено видување или доживување на нештата… Има и филозофска расправа за коренот на проблемот, во други за практичните искуства и совети за проблематиката. Авторот е уверен дека читателот ќе го селектира значајниот текст за негов животен подвиг и повик во исто време – се вели во предговорот.

Сограѓанинот Ѓорѓиоски е вљубеник во науката и литературата. Доктор е по правни науки во деловното право и доктор по економски науки, во менаџментот. Автор е на трудови од правото и менаџментот.

Потпишан е на книгата “Креирање систем за наградување на менаџери и вработени“.

Loading