Со месеци ѓраѓаните кои не можат да платат адвокат, чекаат државата да им додели бесплатен. Во подрачното одделение на Министерството за правда има само еден вработен кој не е надлежен и барањата се препраќаат по други градовите.
– За животни прашања кои граѓаните немаат друг начин да ги решат во судска или во управна постапка, освен да побараат помош од државата, чекаат со месеци за одобрување на нивните барања – вели Весна Шапкоски, извршна директорка на СТАНИЦА П.Е.Т.
Проблемот е нотиран во публикацијата “Правда која се одолговлекува и правда која не се постигнува”. Бараат итно вработување на кадар во Министерството за правда.
– Во секоја од општините да има одговорно лице да донесува одлуки за барањата за секундарна правна помош и навремено обезбедување на пристап до правда за ранливите категории – вели Ивона Шушак Лозановска, авторка на анализата.
Додека во Прилеп има само еден вработен, во Тетово има 21 вработен.