СТЕФАН НЕДАНОСКИ ОБЈАВИ ЦД СО КЛАСИЧНА И КРОС ОВЕР МУЗИКА    

Нашиот оперски пејач Стефан Неданоски го издаде првото ЦД со класични композиции и крос овер музика. Тенорот на отпеа 15 композиции од  Верди, Пучини, Џордано, Бернстајн…

-Направам албум со одбрани композиции, хитови во класичната и крос овер музиката. О чекувам добар прием, бидејќи претежно промоцијата ќе оди онлајн, преку повеќе музички канали. На продажба ќе оди на Амазон – вели Неданоски.

Неданоски, кој настапува на повеќе европски сцени, заврши ФМУ. Првиот солистички концерт датира од 2012 г. во ЦК “Марко Цепенков”. Потоа дебитираше во Македонската опера и балетот со главната улога Ферандо во операта “Така прават сите” од Моцарт. Имал настапи во Солун и во Атина, Италија, Германија, Швајцарија, Бугарија, Србија и Австрија.

Loading