Предновогодишна прослава во една скопска кафеана.
На една маса се собрани лидерите на сите политички партии.
На втората се нивните портпароли.
На третата маса се заедно високи црковни лица – попови и оџи.
Сите се добро расположени, весели и насмеани.
Во кафеаната влегуваат Пејо и Трпе.
После неколку секунди испитување на атмосферата, Пејо вели:
-Очигледно сме залутале… ние двајцата не сме дел од овој виц!