БАРАБАНЏИИ

-Да не беа радијана и телевизиине и весницине, шо че прајвме. Не че знајвме шо се случува во градов, а не во државава – вели колку да се најде во муабет еден пензионер во светилиштено за драпачки и мајтапења.

-Ами во времето од деда и татка, да не имаше радиа, телевизи, морбилни, оние шо се сакаат појчкем од жените – одговори едно човече.

-Седи мадро, да не ти одврта неко, три дена че се чешаш – се навреди пензионерот.

-Нема лутачка – сакаше да го смири еден од сеирџиите.

-Знајш како се велеше во наше време, а?

-Шо треба да знам? – не се прибира помладиот пенионер!

-Полека, од кавга че ја дотерате до чотек. Остај го чоеко да кажи – влезе стрико Рампо да ги смири.

-Рампо, и ти знајш! Не си помал од мене.

-Можи да знам, можи да не знам. Ај кажи?

-Ако тропа барабанџија, гласо е од градската управа, а ако вика суруџија поткачен на повисоко, гласо е од селското раководство. Така знаја лујџето од кај иди аберо.

-За ова се плајча каве, а не се врајча со чотек – остана задоволен стрико Рампо.

-Сезнајково да седи раат на газо – се огласи опнатиот.

-Како се информираше во наше време.

-Че го викне Дуче барабанџијата кај претседатело вопштина. Че го седне на сандалија. Претседатело че дојше до него, че се наведеше до негото уво, оти беше малку наглув и неписмен. От ко че му кажеше шо имало ново, Дуче че го земеше барабанчето враце и че прошеташе низ град. Кажано го викаше на цел глас. Така беше Рампо?

-Дури, нам на децата, Дуче ни баеше – се огласи стрико Цане.

-Како баеше, а?

-Друг пат че ви кажам – се одбрани Цане.

-И во Варош имаше тапанџија, ама и суруџија – се јави еден варошанец .

-Од кај да знајме грацкиве ко беше во Варош – опомена стрико Цане.

-Ако имаше абер од кмето, од црквите и манастирите, на барабан тропаше и низ село шеташе Мице Рокан. А, ако беше за нешто шогоде или инвормација од селаните за стоката, за житото, за орање, жниење или за свадба сред село, че викаше суруџијата.

-Кој беше толку јак на грло, па цел Варош да го слуша – не поверуваа многумина.

-Стеван Арапо че се качеше на камбана, ко че свикаше, небаре земјата се тресеше или некој арслан од Аврика ко да се налутил. Се плашевме ние децата. Некое че ги наполнеше гајчите од страв.

-Ти да не ги наполни дури кажуваш. Ко да потклекна – се огласи градскиот!                                      

Loading