СОВЕТНИЦИТЕ СЕ НЕПОЖЕЛНИ НА СВ. НИКОЛА

Зошто не се издаваат одобренија за градба?

За проблемот со неиздавањето на одобренијата за градба на локалната самоуправа, што го имаат голем број компании и граѓани во последниве години, реагираше и фирмата Инженеринг Теракота. Во знак на револт за игнорантскиот однос кон нив како градежници, најавија дека нема да ги поканат советници за славата Св. Никола на која се домаќини, затоа што на 18-тата седница на Советот, според нив, беспредметно била повлечена точката за изградба на зграда, за која тие веќе 2 години уредно ги имале сите дозволи. Сопствениците Гордан Бошкоски и Коста Тошески ги уверуваа новинарите дека неколку години траел игнорантскиот однос на Општината кон градежната индустрија. Најавените проекти чекале, покрај договорите со банките и проектните планови и годишни финансирања.

Не е само нивната компаниј, туку и други кои со капитални проекти чекале со години на одобрение за градба, што значело загуба на огромни пари и за општината и за компаниите. Инвеститорите трпат штета. Само за две години разликата во цената за карабина фаза зголемувањето е меѓу 70 и 100 проценти. Тие се најголемиот полнач на буџетот на општината преку одделението за урбаниизам и плаќањето на комуналиите.

Како домаќини на Св. Никола, велат дека во знак на револт немало да поканат претставници од Советот на општината.

Советот реагира дека нема никаква заднина во тргањето на точката од дневниот ред. Советници одлучиле точките да се разгледуваат на следната седница за да имаат време за разгледување на материјалите и за да не се прекршел деловникот.

Loading