УШТЕ ТРИ МЕЧА

Ракомет

Треба да се издржат уште три натпревара есенва во кои учесник е машкиот ракометен тим на Прилеп. В недела (14 ч.) во “…Ричко” е првенствениот дуел со Бутел, во 13. коло од А-групата на Супер лигата на Македонија. Потоа е куп-мечот дома со прволигашот, скопски Металург, а на крајот е првенственото гостување во Куманово. Бодовниот фонд е збогатен со последната победа над Вардар во Неготино со 29:28 преку головите на Давор Шокоски 9, Христи Бикоски 7, Реваз Чантурија 6. На табелата, Прилеп со 10 бода е над неготински Вардар и Куманово со по 3.

Женската Деспина кај Металург загуби со 34:12, а в недела (18 ч.) дома игра со Стружанка.

Loading