КРАЈОТ Е НАЈВАЖЕН

Фудбал: Победа

Последниот пораз со 0:6 дома од шампионот Шкупи, за екипата на Победа ќе биде во заборав само под еден услов – в недела (13 ч.) дома да се совлада Скопје во 17. рунда на фудбалската Прва лига на Македонија. Овој е последниот меч есенва на Градскиот стадион “Гоце Делчев” и последна реална шанса за триумф. Со три бода прилепскиот тим се оддалечува од ривалот со пет бода разлика. Фудбалерите на Победа се пред задачата да му вратат на Скопје за поразот од 1:0 пред точно три месеца.

Табела: Струга 33, Шкупи 28, Шкендија 25, Тиквеш и Силекс 23, Брегалница 20, Работнички 18, Македонија ЃП 17, Академија Пандев 12, Победа 11, Скопје 9.

Loading