ДЕСЕТТИ ТУРНИР „СВ. НИКОЛА“

Мал фудбал

Јубилејниот, десетти хуманитѕерен турнир во мал фудбал “Св. Никола” ќе биде од 10 до 25 декември во салата од ОУ “Добре Јованоски”. Организаторите со покровителите, компанијата Кофи ангел и Општината обезбедија награди за најдобрите во сите категории: пионери меѓу 8 и 14 години и сениори. Пионерите ќе бидат во седумте возрасни категории, сениорите во 8 групи по 4 тима. За сениорите паричните награди се мошне примамливи: првото место добива 240 000 денари, втоото 120 000 и третото 60 000. Постои огромен интерес. Пријавувањето е од 1 до 7 декември, со котизација од 8000 денари за сениорите, 3000 за пионерите.

Влезот ќе чини 50 денари. Средствата ќе се насочат во хуманитарни цели.

Loading