ЦВЕКЛО, МОРКОВ И ЈАБОЛКА ПРОТИВ СИТЕ БОЛЕСТИ

Кога ќе се измешаат цвекло, морков и јаболко се добива многу моќен и лековит напиток кој има светска слава поради неверојатните позитивни ефекти врз здравјето. Го употребувале Кинезите во традиционалната медицина за лекување на рак на бели дробови и други болести. Со овој напиток се излекувани 45 000 заболени од рак и други неизлечиви болести.

Едноставниот напиток ја должи чудотворноста на двете коренести намирници и јаболкото кое се смета за кралица меѓу овошјето.

Јаболкото изобилува со витамините А, Б групата, Ц, Е и К, како и со минералите цинк, магнезиум, калиум, фосфор, калциум, натриум и железо. Благодарение на високиот процент на јаглени хидрати, особено фруктоза и глукоза, јаболкото го снабдува организмот со енергија и спречува умор. Поради високиот процент на витамин Ц и антиоксиданти, јаболкото има силно имуностимулаторно дејство. Ефикасно е во борбата против вирусите, бактериите и слободните радикали. Поттикнува слабеење и го стимулира празнењето на цревата.

Морковот е познат по витамините А, Б, Ц, Е и К. Содржи минерали калциум, магнезиум, калиум и селен. Тој е природен чувар на видот, го намалува ризикот од мозочен удар и има силно антиканцерогено дејство.

Цвеклото обилува со витамините А, Ц и Б, како и железо, бакар, магнезиум и калиум. Познато е поради своето благопријатно дејство врз срцето, крвните садови, црниот дроб и целиот дигестивен систем, како и природно средство кое заштитува од рак.

Напитокот ја враќа изгубената надеж меѓу луѓето заболени од карцином. Докажани се позитивните промени во лекувањето на ракот на белите дробови, потоа спречува развој речиси на сите малигни туморски клетки. Цвеклото содржи аминокиселина бетаин со антиканцерогено својство. Цвеклото е исто така, традиционален лек и за леукемија.

Овој моќен напиток е голем пријател на срцето. Морковот има фитонутриенти за поттикнување на здравјето на срцето, како што се алфа и бета-каротен, како и лутеин. Благодарение на јаболкото, напитокот позитивно делува врз зголеменото ниво на лошиот холестерол во крвта (ЛДЛ), го регулира крвниот притисок и го штити срцето од разни болести. Цвеклото ја сочувува еластичноста  на крвните садови и го намалува нивото на холестерол во крвта. Пијалакот со пријатен вкус ја поттикнува дигестијата и помага во слабеење и штити од желудечни чиреви.

Практично ова е природно средство кое помага за здраво слабеење, оти е богато со хранливи материи со малку калории, а предизвикува чувство на ситост.

Напитокот се пие наутро на гладен стомак.

Loading