БОРБА ЗА 4. МЕСТО

Жени

Убава победоносна серија на Деспина која продолжи во саботата со триумфот од 6:1 над Истатов, каде стрелци беа Србинката Жељана Максимовиќ 4, Катерина Милеска и Теодора Петровска по 1. Се очекува успешен да е и крајот на есенскиот дел од фудбалската Прва женска лига на Македонија. А тој крај е викендов во Тетово со Шкендија, во 11. коло. Трите бода се важни за освојувањето на високото 4. место, каде сега е струшкиот Ас унитед, тим кој викендов е слободен.

На табелата води Љуботен со 27 бода, пред Саса со 24, Тиверија 21, Ас унитед 19, Деспина со 18.

Во средата за Куп, Деспина со 4:0 го совлада Истатов.

Loading