ПОРАДИ ЕВРОПСКОТО, СЕ ИГРА ДО 25 ДЕКЕМВРИ

Ракомет: Жени

Европското првенство во ракомет за жени, чиј домаќин и учесник беше Македонија, заврши во неделата, па време е да се надомести едномесечната пауза во Б-групата од домашната Супер лига. Мечот Деспина – Ѓорче Петров (19:36) од 7. коло беше во средата, а викендов прилепскиот тим гостува на Металург во Скопје. Есенскиот дел потоа има уште четири рунди, дури до 25 декември.

За младиот состав на Деспина следната пореална шанса е дуелот дома со Стружанка, на 4 декември.

Loading