МУРАЛ НА ГОРАН СТЕФАНОВСКИ       

Во СОУ Ристе Ристески – Ричко

Мурал посветен на големиот македонски писател, драматург Горан Стефановски е изработен во СОУ “Ристе Ристески – Ричко”. Ликовното творештво на ѕидот насликано до кабинетот по македонски јазик со димензии 3Х3 м.  Изработен е во современ стил (поп арт), така што и внатрешноста на училиштето добива  современ изглед. Муралот е дело на дарбата на уметникот Методи Исков со помош на учениците.

– Големо задоволство е да се создаде мурал на великанот на македонската драматургија, писателот и професор Горан Стефановски. Поттик е и инспирација за младите генерации. Делото треба да биде идентификација и мотивација на учениците со успешни и докажани личности во нашата земја. Стефаноски треба да биде светилник на личности со уметнички признанија во светски рамки. Тој е монумент во македонското драмско творештво. Разубавен е просторот, испратена е порака дека имаме успешни и значајни личности, чија литературна оставнина е со непроценлива вредност за земјава. По неговите стапки треба да чекорат учениците. Тенденција е да бидат опкружени со позитивни примери и тие да се стремат кон остварување на идеи и создавање на поуспешна иднина – вели уметникот Исков.

Тој се надева дека и другите училишта ќе сликаат по ѕидовите да ја декорираат уметнички внатрешноста и да создадат помодерен амбиент и попријатна атмосфера за учење.

Loading