МУАБЕТ СО ГОГА

-Кај си бе Гога!

-Да го удриш в нога.

-Кого, тебе?

-Не бе мене, брат ми,

-Како бе ти Гога и тој Гога? Шо нунко беше тој твојо? И татко ти да не се викаше Гога?

-Не бе дедо ми.

-Можи и син ти а е Гога?

-Не бе, внук ми.

-И сите да не се за по нога?

-Не бе, само брат ми.

-Нека кажи брат ти, ако е до тука дојдено, не кршам атер?

-Не знај да зборува,

-Како бе? Шо суртук е или мал е па да не знај?

-Не е мал, ама срамежлив е!

-Научи го. Не го оставај така! Срам че ти носи, а и шо че биди од него за греота. Со усул, ако е срамежлив, че го ватиш кревко…

-Џабе! Невиден инетчија,

-Чукни го, ако треба. И за инаетот има лек.

-Е колку пати, ама никако. Уше појче се инаети! Не го знајш ти него!

-Тогаш Гога, носи го на бајачка?

-Каква бајачка, него ништо не го перка,

-Пернат е од уроци. Ти не знајш какви очи има по народов,

-Уште за со очи е да го гледаат? Ти велам срамежлив е, бега од очи.

-Дури е време, поможи му, Да не биди доцна,

-На кого да му помогнам?

-На брат ти Гога, не тебе. Ти си друго,

-А бе јас сум Гога. Не можи и брат ми да е Гога,

-А значи не е брат ти за в нога, туку ти си.