ГОЛГЕТЕРКИТЕ НА ПОТЕГ

Жени

Се поразиграна е Деспина во првенството од фудбалската прва женска лига на Македонија. На секој меч се очекуваат голови, како што беше на последниот дуел од 6:1 дома со Скопје. И в сабота (13 ч.) на игралиштето со вештачка трева би можела да се повтори истата ефикасност, со оглед на тоа што гостува Истатов, екипа од средината на табелата. Трите бода за Деспина значат задржување на шансите за висок пласман, меѓу четирите најдобри.

Табела: Љуботен 24, Саса и Тиверија по 21, Ас унитед 16, Деспина 15, Скопје 13.

Loading