ДРУГО Е СО ШОКОСКИ

Мажи

Викендов екипата на Прилеп гостува во Неготино, кај Вардар, во 12. рунда од А-групата на машката ракометна Супер лига на Македонија. Нема да е лесно, иако гостувањето е кај последниот на табелата. Претпоставката е од најновиот пораз на Прилеп дома со 21:28 од Струга. Неочекувано. Ако се бара оправдување, тоа е отсуството поради повреда на голгетерот Давор Шокоски. Се враќа за овој меч. Кога е тој тука, целиот тим е разигран. До крајот на есенва, Прилеп има можност да освои барем 6 бода од 3 меча.

На табелата води скопски Вардар со 33, а натаму се Алкалоид 27, Охрид и Бутел по 21, Струга 16, Прилеп 7, Куманово и неготински Вардар по 3.

Во Купот на 10 декември, Прилеп ќе се сретне со скопски Металург.

Loading