ВРТЕЛЕШКА НА МЛАДОСТА

Вртелешка асоцира на детско, на невино. Постарите би рекле дека таму се раѓала љубовта. Оваа направа за забава е глув сведок што потсетува на добрите времиња, кои сегашните генерации малку ги разбираат. Немало собирање по кафулиња, туку момчињата ги шетале девојки низ корзото или се забавувале околу вртелешките.

Се трошел ситниот џепарлак да се биде во близина на толпата луѓе. Небаре на панаѓур околу вртелешките се раѓала љубов. Биле омилени кај младите да се качат на седиштето, да се врзуваат при движењата со синџирите и да му се инаетат на времето.

Често се вели дека животот е како вртелешка. Оди нагоре и надолу. Некогаш нозете не ја допираат земјата и се вивнуваат во облаците.

Loading