СИТЕ ГУБЕА, САМО ЕДЕН НЕ!

Трета

Пропадна последната шанса да се сопре неготински Вардар во фудбалската Трета лига – Југ. Таа беше на дербито Вардар – Големо Коњари 4:2. Гостите дадоа силен отпор со головите на Николче Касниоски и Михо Андреевски за 2:2. Во финишот, откако останаа без исклучениот Бешовски, неготинчаните постигнаа уште два гола.

Други резултати: Обршани – Бучин 3:0, Питу Гули – Канатларци 6:0, Росоман – Младост 2:0, Слога – Превалец 3:2, Локомотива – Марена 4:1. Вардар е прв со максимални 11 победи.

Табела: Вардар 33, Питу Гули 28, Големо Коњари 25, Превалец 22, Росоман и Слога по 17, Марена 12, Локомотива 11, Бучин 9, Младост 7, Обршани 6, Канатларци 2.

Loading