Расолот, односно сокот од кисела зелка, содржи големи количества витамини Б,Ц,Е,К и минерали како што се калиум, калциум, фосфор, сулфур, бакар, цинк и магнезиум. Расолницата е здравје, особено во зима. Го челичи имунитетот. Лековитоста се должи на тоа што се прави од зелка, која е кралица на зеленчуците поради нејзините нутритивни својства. Добро е да се разредува со вода во размер 1:1.
Расолот е добар за настинка, за јакнење на цревната флора, за артериосклероза и за висок крвен притисок. Помош е за лекување на астма, реума, чир на желудник. Се чисти кожата и се подобрува општата состојба на организмот. Таа е напиток за дијабетичари. Помага во намалувањето на шеќерот во крвта и го подобрува варењето. Корисно е секојдневно да се пие по половина чаша чиста расолница.
Киселата зелка е ретка намирници со витамин В12. Црвената зелка е побогата со фитонутриенти и витамин Ц. Содржи антиоксиданси кои дека ги штити сивите мозочни клетки. Расолницата е и пијалак против тегобите во дигестивниот тракт. Во комбинација со сок од морков или репка е одлична за луѓе со недостиг на калциум и остеопороза.
Лековитите својства растат, ако се додадат листови од винова лоза, грозје, дуња, јаболка или анасон. Зачините се избираат според вкусот, зрна пипер, ким, ловоров лист.
Свежо цедениот сок од зелката е одличен за чир на желудникот или воспаление на дебелото црево.
Лек за висок шеќер. На 1/3 чаша расолница се додава 1/3 чаша сок од домати и 1/3 чаша сок од моркови. Состојките се мешаат ис е пие секој ден на гладно.