ПРИЛЕП СО СИТЕ СИЛИ ПРОТИВ СТРУГА

Ракомет

Трите тешки меча (во Скопје со Алкалоид и Вардар, дома со Охрид) минаа очекувано со три пораза на екипата Прилеп, во А-групата од ракометната машка Супер лига на Македонија. За младиот состав, дуелите беа за собирање искуство. Силите како да се чуваа за претстојната пресметката со Струга, в недела во 18 часот во СОУ “…Ричко”. Иако Струга е едно место повисоко со 6 бода повеќе, домашните ракометари гледаат шанса за победа. Надеж е натпреварот пред два месеца во Струга, каде прилепскиот тим испушти триумф, на крајот задоволувајќи се со реми, 25:25. Успех в недела е услов за можна серија, оти следи гостување кај последниот Вардар во Неготино.

Табела: Вардар 30, Алкалоид 27, Охрид и Бутел по 18, Струга 13, Прилеп 7, Куманово и неготински Вардар по 3.

Loading