ПОВИСОК РАНГ?

Кошарка

Рано е да се даваат прогнози за конечниот пласман во машката кошаркарска Трета лига на Македонија Б-група, оти се одиграни само 5 кола. Според досегашната доминација на Мега баскет, прилепскиот тим заслужува повисок ранг. Последното дерби дома е добиено со високи 106:77 над скопски Албес, ривал кој го доживеа првиот пораз.

Викендов се очекува триумф и над ИБА баскет во Скопје. Мега баскет е единствен тим со сите победи, а не е прв на табелата оти има меч помалку.

Табела: Албес 9, Мега баскет и ИБА баскет по 8, Тетекс, Гостивар 2 и Дибра иглс по 7, Хераклеа 6, Спарта и Љуботен по 4.

Loading