ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (168) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Празниците за Водици, за прославата не се разликуваат од божикните ниту со јадење, пиење и веселбата на сред село. На овие Водици од 1956 беа осветлени со сонце. Овците однесени на чаирите и хранети со сено во снегот. Крупната стока истерана вода да пие во реката и  да се топли на сонце. Магарињата чекаа во ред пред пијаниот кладенец да се напијат вода. Кладенеот имаше вратниче. Кој ќе дојди вода да налее, залеј си, затвори го кладенецот и замини си. Се така до вечер. Тие ќе се вратат дома не напиени, а од река никако да се напијат, додека коњите пијат вода в река. Крупната стока не е добро вода да пие во зима поради тоа што е потопла од речната. Ќе се преппие, ќе намовни и ќе го фати таканаречено во нашите краеви татор-к-р. Можи и да заврши со животот. Магарињата се сметаат за пустински. Издржуваат без вода повеќе денови. Трлото се равесели со мали јагниња. Ссе слуша гласот на јагнињата и на нивните мајки.

Децата убаво го врват полугодишниот зимски распуст. Кузоците в раце и  на слизгање по чаирите. Средното маало има најубави слизгалишта, едно пред Ладевци со пократка патека од 250 метра. Едно зад Ладевци од 500 метри. Понекогаш идеа постари луѓе да го гледаат натпреварот на децата за слизгање.

Веќе помина денот Св. Атанас и почна новата полугодшна настава. Нашите најближни комшии Јанковци се разделија на три дела. Стрикото Крсте се дели и отиде во новата изградена куќа. Тројцата браќа Дончо, Китан и Цветко Цане направија две делби. Дончо и Цане останаа во заедница до есента. Истата година се делија. Китан се дели и повеќе не се замеша. Во половината на месецо февруари 24 годишната девојка Ристеска Петрева Зора Јанкоска се омажи багалка за Бутески Ордан во Штавица. Не е голема разлика од Зориното мажење. Се ожени Јованоски Божидар Курела на 23 годишна возраст за девојката Ленка од Гостиражни, вработен во воденицата кај Алавантија во Прилеп. Божидар направи брак и црквено венчавање во Прилеп.

Времето е две недели пред празникот Прочка. Првата недела се вика месна недела, запостување за јадење секакво месо. Втората недела е до Прочка и се вика сирна недела. Се јади се од млечно производство, сирење, маст, млеко и урда и како посебен додаток јајца од сите видови перјави животи. Утрото во неделата на Прочка кој се во можност со месени работи, вино и ракија, овошје одат в црква, особено кои имаа пресни гробови. Раздаваат задушница, си се простува помладите со постарите со зборовите проштавај. Одговорот е, Бог да прости, проштавај и ти или Бог да прости проштавај и ти.

Пред вечерата одат луѓе комшии и роднини по куќи да се простат меѓу себе, да се отстранат од сите лошотилаци и ѓаволштини, извинување за дотогаш направените намерни или ненамерни грешки. Домаќините пречекуваа гости со јадења и пиења, по традиција. Домаќинот за пречек на гостите обавезно на трпезата имаат пржени ситни рипчиња за мезе со вино и ракија. Откако сето е припремено за вечера, седнуваа сите членови на трпезата. Домаќинот се прекрстува трипати и благословува за добро, здравје и среќа во куќата на стоката, за добар бериќет во полето и под земјата, тоа значи да бидат активни изворските води, да има вода за пиење за луѓето и стоката. Сите ја слушуваа  молитвата, се прекрстуваа трипати и вечерата почнува со мазник со изварка, бело и биено сирење. Некои подготвуваат посна сарма. Откако се завршува вечерата, почнува со проштавање. Сите со ред кај настариот член во куќата му бакнуваат рака и го именуваат по неговиот ред во куќата, да е дедо, баба, стрике, стрина, татко, мајка, брат или сестра, па и тетка со зборот проштавај и добиваа одговор, Бог да прости и ти проштавај. Откако завршува со проштевањето се носат варени јајца на трпезата, се лупат и се јадат, лушпите се собираат наредното утро се пуштаат в река, водата да ги однеси да не се претворат во болви, вошк или крлежи. Се замаат на број мали рипчиња колку членовите во куќата и се закопуваат во некој ќош, агол во куќата се покриваат со плоча и се вели, вие да лежите в земји, место наш човек, член од куќата. Со тоа на мачките му даваа немир и преку ноќта остануваат без сон. Тоа го прават додека не ги извадат рипчињата.

Како последна традиција за Прочка е амкањето на јајце варено. Се донесува фурката уште се вика во нашите краеви урка. На фурката се намотува бубаќ, еден конец се зема едно варено јајце со игла шивачка со наденат конец се продупува јајцето, се врзува и се обесува на фурката и почнува амкањето од домаќинот трипати.н Тоа лице кое раководи со фурката завртува наоколу главата на домаќинот во зинатата уста. Ако го фати јајцето е негова среќа, ако не го фати амкачот му оди на нареднот лице. Така оди со ред додека некој не го фати. Тој што ќе го фати јајцето со амкање се рачуна за најсреќно лице во куќата. Честопати малите деца ја расипуваат играта. Јајцето ќе го фатат со рачињата и ќе го скршат. Тоа им се прави на малите деца. Од плачките, тие се победници на прочкината игра со амкање на јајце. По завршувањето со амкање јајце победникот е означен. Со конецот од фурката се изведува друга игра. Се затоплува една восочна свеќа и конецот се пали. Каква сила ќе има сите спомнати имиња, како прво се пали конецот се спомнува среќата во домаќинлакот. Ако конецо гори брзо куќата е среќна и оди напред. Потоа поединачно за секој член во куќата, за стоката за сеидбата в поле итн. Додека не дојди крај и играта завршува. Трпезата се празни од јадењето

 Омрсувањето иди по седум недели или 49 денови, на Велигден, со црвено јајце. Остатокот од јадењето се дава на стоката или ако поминат некои кои собираат јадење од тој празник.

Едно селско домаќинство од половината на месецот октомври до Прочка повеќе троши храна од останатите месеци од годината. Тука се продуктите за храна, каца бело и биено сирење, овчка маст, каца урда, каца свинско месо и канта сало, свинско каца, кисела зелка, каца кисели пиперки, суви црвени пиперки, тикви печарки. Од овие артикли дневно се прават разни вкусни јадења. Додека постите од Прочка се посиромашни со јадење. Повеќето од прехраната се потрошени или се тотално намалени. Како по традиција во нашето село за божикните пости се прави богато јадење со мазници, сланина итн. Нема да заборавиме за есенскиот дел. Се прави и овчка пастрма за зимскиот период. За Варвара, домаќинства на кој не му е куќна слава, прават посни питулици печени на вршник, посни обарени во топла вода со масло и толчен лук. Истиот начин се прави на Игнат – Игнатија на први март на Тодорова сабота.

Во пролетните пости, за Велигден до раната пролет, има праз и кромид. Времето се затоплува и артиклите се будат. Пуштаат ркулци и не се квалитетни за исхрана. Се јавуваат нови прехранбени намирници како ран кокар, спанаќ, штаве, зелје, коприви итн. Не се доволни. Недостасуваат повеќе витамини во човековото тело. Затоа се појавува солзење на очите, крварење на непцата итн.                     

Продолжува

Loading