КАКО ДА СЕ ИЗДРЖИ?

Фудбал: Победа

Пауза е во фудбалската Прва лига на Македонија, но Победа е во фокусот на интерес на спортската јавност. Таа се прашува што се случува и како ќе се издржи. Љубопитноста се должи на отсуството на информации и шпекулации, поттикнати од пишувањето во електронските медиуми и по социјалните мрежи. Навивачите се загрижени, не само поради местото на табелата и освоените бодови. Темнината може да се крени по 27 ноември. Тогаш е дуелот дома со шампионот Шкупи, потоа пак дома со Скопје и на крајот во Штип со Брегалница.

Табела: Струга 30, Шкупи 25, Шкендија 24, Силекс 23, Тиквеш 22,  Брегалница 20, Македонија ЃП 17, Работнички 15, Академија Пандев 12, Победа 11, Скопје 6.

Loading