„КАЈМАК“ ЗА ПРИЛЕПЧАНИ

Најновиот филм на Милчо Манчевки “Кајмак” од синоќа се прикажува во киното Мис стон. Проекции ќе има денес, петок и утре, сабота од 19.30 часот. Влезниците од 150 денари се продаваат на билетарницата од киното од 10 до 12 и од 17.30 до 19.30 часот.

Филмот говори за две семејства кои ја бараат среќата, пристојни на почетокот и среќни на крајот.

Играат Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ.

Манчевски, освен што е потписник на режијата, автор е и на сценариото. “Кајмак”, е копродукција меѓу Македонија, Данска, Холандија и Хрватска, со поддршка на Еуримаж и спаѓа во жанрот црна комедија.

Loading