„ИМАГИНАРЕН ПРОСТОР“ ОД ВЕРЧЕ НИКОЛОСКА

Изложба

Уметницата Верче Николоска ќе се претстави со 23 слики на изложбата,  насловена “Имагинарен простор”. Делата ќе може да се видат од вечерва во фоајето од ЦК “Марко Цепенков”.

Мотивирана од убавото, уметницата го отсликува светот на нејзината душа, светот на нејзината животна одисеја, распространета од нејзиниот имагинарен сон. Дела се работени во експресионистичка апстракција. Ова и е петта самостојна изложба на авторката.

Николоска е прилепчанка на возраст од 66 години. Се образувала во Прилеп, а уметноста í е фах од младит години. Љубовта кон ликовната уметност í го развива талентот. Мотивирана се надградува. Креативноста ја изразува во масло на палтно, акварел, графика, цртеж. Смислата на уметноста  ја најдува во апстрактниот експресионизам. Член е на ДЛУП.

Имала повеќе изложби во земјава. Учествувала на групни изложби и на ликовни колонии.

Loading