ДЕСПИНА СЕ БОРИ ЗА ТРЕТОТО МЕСТО

Жени

Трипати во серија победи екипата Деспин и напредува на табелата од фудбалската Прва женска лига на Македонија. По високиот триумф од 6:1 (стрелци: Катерина Милеска, Симона Тасева, Србинката Николина Батиниќ, Анастасија Илиевска, Јована Павловска и еден автогол), дома над Скопје, викендов е слободен поради неучеството на Кул здравје од Скопје.

Важни се последните настапи, дома со Истатов и во Тетово со Шкендија. Достижно е третото место ако струмичка Тиверија двапати загуби. Сепак, добар пласман е и четвртото место.

Табела: Саса и Љуботен по 21, Тиверија 18, Деспина и Ас унитед по 15, Скопје 12.

Loading