ЧИСТЕЊЕ НА ЦРЕВАТА И НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ

За подобрување на имунитетот, важни се овошјето и зеленчукот. Кога овошјето ќе се дополни со неколку состојки како медот и лековитите зачини и билки, се добива совршено здрава комбинација.

Постои рецепт за бавната функција на дебелото црево, подуеност и гасови. Морковите имаат позитивни ефекти поради содржината на влакна и витамини.

Потребни се 3 поголеми моркови, 1 лажичка мед, прстофат мелен црн пипер, половина лажичка масло. Се рендаат морковите и се додаваат другите состојки. Се меша до соединување и лекот е подготвен. Се јаде како појадок. По 10 дена се олеснува стомакот.

За чистење на белите дробови потребни се 250 мл свежо цеден сок од моркови, подготвен во соковник, 2 лажици мед и малку вода. Се готви сокот од моркови заедно со водата на ниска температура со постојано мешање. Се остава да се излади и се додава медот. Се складира во тегличка и веднаш  може да се конзумира.

Има уште еден рецепт со 500 гр.  моркови и 4 лажици мед. Морковите се чистат и се сечат на крукчиња.  Се ставаат во сад и одозгора се преливаат со вода, колку да се натопат. Се варат до омекнување. Се цедат, па се пасират во блендер. Водата во која се готвел морковот се остава да се излади, па се додава медот. Се меша со пасираниот морков. Составот може да се меша со други овошни и зеленчукови сокови.     

Loading