БЕСПЛАТЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ ВО НЕДЕЛА

Дејан Проданоски, претседател на Советот на Општина Прилеп:

Рехабилитација на улици од 68.000 м2 идната година, завршување на цевководот за Канатларци, катни гаражи и одлуката за бесплатен јавен превоз во недела добија зелено светло од советниците на последната седница на која се разгледуваа и кварталните извештаи на јавните претпријатија и јавни општински установи.

– Во развојната програма 2023-2025 година е и рехабилитацијата на улици на 68.000 м2. Со започнувањето на градежната сезона догодина ќе почне и ќе заврши доводниот цевковод за водоснабдување на селот Канатларци. Издвоени ќе бидат 18 милиони денари со новиот буџет, кои ќе значат непречено водоснабдување. До средината на декември имаме ветување од раководителот на секторот урбанизам, односно од цел сектор урбанизам дека ќе биде издадено одобрението за градба и би се почнало со тендерирање, односно со почеток на тие крајни завршни фази од административниот дел од овој проект и со почетокот на новата градежна сезона почнуваме со градба. Градењето на неколку монтажни катни гаражи, од кои едната е зад УЈП е од поголем интерес. И катната гаража ветена во предизборната програма, меѓу поштата и општинската зграда. Тие се два клучни проекти кои дополнително ќе го подобрат и ќе го смират сообраќај во центарот – објасни Дејан Проданоски, претседател на Советот на Општина Прилеп

Граѓаните во недела ќе можат бесплатно да го користат јавниот градски превоз.

Loading