АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Рибарењето е успешно  таму каде има најмалку рибари.

x

Храброста на зборови не помага при кукавичлук во душата.

x

Никогаш немало  праведна војна, а секогаш се бара праведен мир.

x

Мир за луѓето е можен само при вечен немир за нелуѓето.

x

Злото мутира и постојано се јавува,а вистината е единствена и непроменлива.

x

Зарем е можно ново време без ‘рбет, чест и образ?

x

Кој има лошо минато со сите сили се обидува да се заборави.

Д-р Хаџи-Васков

Loading