СВЕТИТЕ МОШТИ ОД ВРАЧИТЕ, СВ. КУЗМАН И ДАМЈАН

Во манастирот Свети Архангел Михаил во Варош

Богатството на манастирот Св. Архангел Михаил во Варош содржи  дел од моштите на тројца светци. Се негуваат и чуваат дел од моштите на Св. Кузман и Дамјан, и на Св. Стилијан, бидејќи се раритет. Ова значајно благо од непроценлива вредност се чува како зеница во очите, зашто е мошне ретко во земјава.

На 14 ноември се слават светите врачи, бесребрениците свети Козма и Дамјан. Се се нарекуваат бесребреници, оти Бог им дарил чудотворства, да лечат од секакви болести. Тоа го правеле со силата на Светиот Дух, иако имале и медицинско образование. Има многу храмови посветени на нив, дури и некои лекарски друштва го носат нивното име.

Биле родум од Мала Азија. Мајка им била христијанка. Ги воспитала во христовиот дух. Се упокоија во местото Фереман, а погребани се еден до друг. И по напуштањето на овој живот, тие ги исцелувале оние кои ги повикуваат во молитвите. Господовите лекари наречени и Свети бесребреници имаат два празника, на  во јули и во ноември. Меѓу поголемите есенски празници со домашни служби спаѓа и празникот на Светите врачи, Кузман и Дамјан. Меѓу народот се познати како Светите врачи. Зборот врач, и денес, во некои словенски јазици, значи лекар. Наречени се бесребреници или безмитни, оти бесплатно ги лекувале сиромашните болни, а среброто е поим за алчност. Среброљубец се вели за човек алчен за пари.

Браќата исцелители Кузман и Дамјан, според една верзија, родени се  во Мала Азија. Татко им бил паганин, а мајка им христијанка. Татко им умрел, а мајка им Теодотија ги воспитувала христијански, останувајќи верни на ветувањето на мајка си. Да бидат корисни, го изучувале лекарскиот занает.  Ги научиле исцелителните својства на сите билки и се афирмирале како добри лекари. Господ ги благословил. Се повикувале на божјата сила. Се откажале од овоземните богатства. Лекувале бесплатно според Господовата заповед: “Болни лекувајте, лепрозни очистувајте, мртви воскреснувајте, бесови изгонувајте! Бесплатно добивте, бесплатно давајте”. Затоа се бесребреници.

Се раскажува дека некоја жена долго била болна од неизлечлива болест. За лекување потрошила големо богатство. Ги повикала двајцата лекари. Со Божја помош, тие ја излекувале. Таа сакала да ги награди. Одбиле, оти биле заколнати да не примаат никакви дарови. Помладиот Дамјан, по многу молби и откако го заколнала во Света Тројца, зел три јајца како симбол на светото тројство. Кога разбрал Кузман се налутил. Побарал  од селаните кога ќе умрат да не ги погребуваат во ист гроб. Бидејќи погрешил и ја подгазил заклетвата, Дамјан да биде погребан во друг гроб. Кузман умрел порано, а кога умрел и помладиот Дајман, селаните решиле дека сепак, казната одредена од Кузман е престрога и дека Дамјан не ги зел трите јајца како надомест за лекувањето, туку како симбол на Светата Троица. Поради тоа, но и затоа што заедно лекувале, ги погребале во ист гроб. Над гробот била изградена црква. Од моштите на светите врачи се случувале многу чуда и многу болни оздравеле.

Според друга верзија родени се во Рим. Според преданието умреле од своја смрт во Мала Азија во местото Ферман. Според друго предание, откако биле наклеветени пред царот дека се занимаваат со маѓии и откако го излекувале и царот, тој станал христијанин. Завидувајќи им на славата, Нивниот учител ги однесол во планината да берат лековити билки и ги каменувал. Нема податок дека некој цар го примил христијанството од овие причини. Според трето предание загинале во Рим во 284 година при едно големо прогонување на христијаните.

Светите браќа, Господовите исцелители, освен во животот, се прославиле и по смртта. Кога на некој човек при спиењето му влегла змија низ устата и кога му се заканувала сигурна смрт, се спасил со тоа што во претсмртната агонија ги повикал Кузман и Дамјан. И така Господ, и по смртта, ги прославил тие што го славеле во текот на целиот свој живот.

Се празнуваат два пати годишно, затоа што едниот умрел на 1 јули, а другиот на 1 ноември.

На иконите светите врачи Кузман и Дамјан се претставени заедно со крстови во рацете или со кутивче со лекови и со лажиче со кое на болните бесплатно им давале од лековите.

Празникот  фго славата повеќе оние кои се занимаваат со народна медицина, лекување, баење, лекување со билки итн.  На овој празник не работат зашто нема да им фати лекот.

Култот кон овие светци бил изразен во повеќе места на Македонија.

Loading