КЕТИ СМИЛЕСКА ОСТАНУВА НА КОРМИЛОТО НА БОЛНИЦАТА

Ја цементира својата позиција Кети Смилеска за прв човек на болницата. Останува на кормилото на јавната здравствена установа по спроведување на јавниот конкурс за именување на директор на Општата болница со проширена дејност „Борка Талески,,,. Таа од 4 март лани ја извршува функцијата вршител на должноста директор и успешно се справи со пандемијата од Ковид 19, со реновирањето на одделенијата и наваката на апарати за преглед и дијагностика.

Министерот за здравство д-р Беким Сали, а пред се премиерот Димитар Ковачевски ги препознаа квалитетите во менаџирањето и вршењето на професијата благодарение на долгото работно искуство од економијата, а кое го имплементера во менаџментот и организацијата на здравствената заштита во споениот Здравствен дом заедно со болницата.

Инаку, обезбедени се финансиски средства и согласности за вработување на неопределено време на голем дел од вработените на кои долго време не им беше решен работниот статус.

– После неколку години, професионалното и совесно извршување на  работните задачи, за овие лекари, медицински сестри, болничари и друг помошен и технички персонал, доби позитивен епилог. Продолжуваме да работиме на подобрување на медицински услуги и значително поквалитетно здравство –напиша на ФБ, пратеникот Миле Талевски.

Кандидат на огласот за директор бил и д-р Сашо Пирганоски.

Loading