ЧАША ВИНО СО КАРАНФИЛЧЕ И ЦИМЕТ

Сезоната на вируси и настинки се ближи поради ладното време,. Актуелни стануваат природните лекови кои помагаат за јакнење на имунитетот.

Лекот со вино грее, спречува настинката и ја подобрува работата на цревата. Се сервира топло од црвено вино. Како прилог може да се стави цитрус, портокал и лимон, и разни зачини за поголема ефикасност.

Се предлагаат каранфилче, цимет, зачинска пиперка, мускатно оревче, ѓумбир или кардамон. Овој лек спречува појава на срцеви болести и е превенција од удар. Со умерено концзмирање, се регулира добриот холестерол и и се враќаво нормала покачениот, лош холестерол. Главно е лек за прочистување на артериите.

Мускатното оревче е чест додаток во црвеното варено вино. Овој лек го јакне срцето и спречува ризик од кардиоваскуларни болести. Црвеното вино е превенција од остеопороза, која ги ослабува коските. Содржи супстанца со антиоксидантни и антиинфламаторни својства. Штити од дијабет и Алцхајмерова болест. Антивоспалителните ефекти на го прават добар лек за артритис и воспаление на кожата. Помага за забавување на  стареењето. Ослободува од слободни радикали во кожата. Антиоксидансите помагаат при лечење на инфекции. Луѓето кои го консумирааат лекот со црвено вино имаат 48 отсто помали шанси да добијат настинка.

Каранфилчето има антивирусни својства. Во комбинација со варено вино ги чисти црниот дроб и бубрезите од насобраните штетни материи.  Доколку се одаде и цимет, ефектот расте. Циметот го намалува отокот и одржува хомеостаза меѓу клетките во организмот. Помага при артритис.

Подготовка. Виното се вари со малку каранфилче. Се додава прстофат цимет. Се пие по 1 ракиена чаша навечер или во текот на денот.

Loading