БРУСНИЦАТА И БОРОВИНКАТА СПАСУВААТ ОД УРИНАРНИ ИНФЕКЦИИ

Во борбата против инфекциите, потребно е исхраната да се базира на свежо овошје, зеленчук и разни билки со антивирусно, антибактериско и антифугално дејство. Одбраната на организмот јакне со витамини и минерали.

За среќа, природата изобилува со многу растенија со антивирусно и антибактериско дејство кои треба да се користат секојдневно. Неколку од нив се:

Лукот ги спречува вирусите, бактериите и габите. Затоа е универзален лек против сите заразни болести. Тој е најсилен природен антибиотик. Одличен борец против габите, особено кандидата. Добар е и за алкализација на организмот, што е еден од најдобрите начини да се заштитите од сите болести. Најдобро е да се консумира свеж, два-трипати на ден. Мирисот може да се олесни со грицкање на добро измиена кора од лимон. Се користи тинктура од лук, која е многу ефикасна.

Боровинката го спречува лепењето на бактериите на уринарниот тракт, спречувајќи развој на инфекциии. Има антивирусно дејство. Таа е природен аспирин. Содржат хемикалии кои ја запираат дијарејата. Се консумираат свежи, замрзнати, во чај или природно исцеден сок.

Брусницата има силни аналгетски својства. Ефикасна е при уринарни инфекции и лекувањето со анемија. Во комбинација со цвеклото е одлична мешавина, докажана дека ја подобрува крвната слика. Таа има и антивирусно дејство.

Ехинацеата стана популарно антивирусно растение, оти го јакне и стимулира имунитетот. Корисна е во борбата против бактериите. Ефикасна  е при акутни респираторни инфекции, вклучувајќи грип, настинка, бронхитис, синузитис, тонзилитис и инфекции на ушите. Капките треба да се користат во зимските месеци или при првиот симптом на настинка. Не се препорачува консумација подолга од осум недели.

Ѓумбирот најчесто се користи при настинка, оти го јакне имунитетот, го олеснува дишењето и кашлањето, ја намалува температурата и делува антивоспалително. Има и антибиотско дејство.  Се користи при третман на габични инфекции. Коренот на ѓумбирот се користи свеж или како чај.

Валеријаната е неопходна при третманот на инфекции предизвикани од кандида. Го јакне имунитетот. Одличен лек е против грип и настинка, синдром на хроничен замор, бронхитис или ХИВ инфекција. Поради антиинфламаторните својства, корисна е  за акутен бронхитис со симптоми на воспаление на дишните патишта и болка во мускулите.

Жалфијата има антиинфламаторно, антибактериско и антисептично дејство. Погодна е за плакнење на грлото, устата, носот при воспаление и засипнатост. Се користи при третман на воспаление на уринарниот тракт. Го јакне организмот и ја чисти крвта. Ефикасен лек е против бактерии, вклучително и ешерихија коли и салмонела, како и при елиминирање на некои габични заболувања.

Белиот слез е особено познат како ослободувач од кашлица. Делува против настинки и грип. Лушпата од коренот се користи за плакнење на непцата и грлото. Се пие како чај. Сируп се прави со одржување на коренот потопен во вода 12 часа, а потоа се цеди и се меша со мед.

Египетските фараони сметале дека маслото од црн ким е лек за сите болести. Благодарение на богатиот хемиски состав, црниот ким има широк спектар на лекување. Го јакне имунитетот, лечи бронхитис и хронична кашлица, дава одлични резултати при алергии и астма. Моќниот природен антибиотик може да се дава и на деца.

Циметот изобилува со антиоксиданси. Маслото од ова миризливо растение има силни антибактериски и антифугални својства. Добар извор е на магнезиум, растителни влакна, железо и калциум. Успешно лечи артритис, висок холестерол и крвен притисок, дијабетес тип 2, дијареја, забоболка, лош здив и главоболки… Ја зголемува енергијата и ги подобрува когнитивните функции. Особено е ефикасен во комбинација со мед. Се смета за “универзален лек”, што ги елиминира кожните инфекции и настинки. Третира мозолчиња и инфекции на кожата.

Маслиновиот лист има антивирусно дејство. Тоа се должи на еленолната киселина, која спречува формирање на транскриптаза и протеаза – ензими потребни на некои вируси да ги оштетат здравите клетки. Супстанците од лисјата на маслинка го леснуваат третманот на херпесот и други вирусни заболувања, грип и настинка, габични инфекции, хроничен замор и алергии, високо ниво на масти, дијабетес… Најдобро е листовите да се берат во пролет. Потоа е потребно да се сушат на место со струење на воздухот, во затворен сад и на темно место. Чајот се приготвува, така што во зовриена вода се ставаат 15-20 суви маслинови лисја. Се оставаат да вријат во водата уште 3 минути. Потоа се трга од огнот и се остава да стојат уште 10 минути. Потребно е чајот да се пие секој ден да се забележат резултатите.

Постојат многу видови на оригано, чии лисја долго време се користат за лек. Ориганото содржи многу танини, феноли, флавоноиди, витамини А и Ц, како и минерали. Есенцијалното масло има антибактериски својства. Поефикасно во борбата против инфекциите отколку класичните антибиотици. Уништува 25 видови бактерии. Еден е од најсилните природни антисептици и антибиотици. Содржи супстанции на моќен антисептик. Другите состојки имаат антидиуретични својства и седативно дејство.

Мечкиното грозје лечи зголемена простата, инфекции и други болести на уринарниот тракт. Лисјата, сами или измешани со други лековити билки, се дезинфекција на уринарниот тракт при хронично воспаление на мочниот меур. Спречуваат задржување на бактериите во уринарниот тракт, со што се спречува повторување на инфекцијата.

Loading