ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (166) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Децата со самото влегување направија цив пиле и викање суро, некои почнаа со раженчињата да печат колбаси и јадат со добиените булина од изминатите неколку куќи. Имаше и дофрлање од самите деца другарчиња пазете на пампурот како лани да не ве болат рацете. Тие кои добија лани прачки од учителката одговорија, ќотек од женски пол не боли, ние порастиме повисоки. Квикна гајдата во Трајановото гумно од шурата на Трајан Ванчо Бабјак се разви весело оро уште во Трајановиот двор развеселени василичарите со се музика влегоја дома.

Беше што беше со џумбусот кај Трајан василичарите се префрлат кај братот на Трајан Алексо Василоски. Децата со ражените во печката прават цивпиле и викаат суро, суро. Тука кај Алексо беше дојден уште еден гајдаџија кој од кај Алексо до крајот на василичарството беше учесник василичар, а тој беше Велјаноски Благоја со малиот петгодишен син Гулаб како Павлески Славе сакал да прави џумбус, да собира колбаси.

Кај Алексо навистина беше другарски партизански војнички џумбус. Алексо беше пофален како прв македонски војник и стражар успешно му се супроставил на затворениците во Кичево и ги приморал да се вратат во затворот. Тие кои не послушале неговата наредба ги однесла матната во невратилово. Алексо беше грабен и пофален од неговите марулски војници партизани Атанасоски Јован танески, Велјаноски Благоја, Петрески Ванчо Бабјак, Ристески Китан Јанкоски и Стојаноски Тоде Котески кој се најдоја весели на таа средба потпомогнато со топлата ракија и црното вино.

Завршија церемониите, децата се први наредени во ред добиваат колбавче и продолжуваат да одат кај Котески Ќиро. Во малата топла просторија децата направија вив пиле, викотници суро, суро доваѓат возрасните со музиката, распалуват мусиката со ора и песни, свирач е Велјаноски Благоја шура за сестра на Ќиро. Стариот Божин, татко на Ќиро израстен гајдаџија за неговото време ради неговото квалитетно свирење во 1902 година се оженил со Колеска Јана Едина женска челад на Грозда Трајчејца Колеска која жалала дека Јана мала се омажила. Божин во тој момент ја слушаше музиката потупнувајќи со ногата и велеше, ох не се враќа тоа време. Дојде времето да се даваат колбасите, делачот Ванчо Колески прво ги послужи децата први стојат во ред зема колбавче и заминуват кај Крушкоски Цветан по децата и постарите со своите дечиња. Рака на срце Цветановата куќа домаќно беше опремена како една богата современа грацка куќа, модерни кревети, столици, маси во тремот, мијалник со канта за вода, водата течеше во леген поставен на метално постолје, современо бронзено бело шпоре со вградено вон его казанче за топлење вода. Прозорите без вградени заштитни решетки. Вратите современи дограмаџиски. Носијата на неговата сопруга Василка сменета во градска носија. Сето ова доваѓање домаќинско поради неговите работни места надвор од Марул повеќе години. Со времето се врати во 1951 година за претседател на колективот во с. Марул и го испрати историски колективот во пролетта во 1953 година.

Поради душемето во цветановата куќа беше од штици цив пиле се правеше во шпоре каде се пењчеја и колбавчиња. Самите деца си го знаеа знаењето навиката за тој ден на неколку пати силно го изговара зборот именката суро, суро, суроо. Старите василичари ја напуштија Ќировата куќа со песни и ора заедно со Ќиро Котески дојдоја кај неговите нунчевци. Прославата со песни и ора продолжи веселба со незамислено голема. Кај Крушковци немаше надворешни гости поради големиот снег и застареноста на зетовите.

Свикаа децата надвор се делат колбасите, ги дели Благоја Јолески. Секој еден кој добива колбавче и заминува преку река во средно маало кај Јоноски Ванѓел Курела. Тука е слободно да се прави цивпиле, подо на куќата е земја. Музиката стигна со надуена гајда од страна на првиот гајдаџија Петрески Алексо Бабјак. Се развија ора и песни. По кратко време се изнесоја колбасите. Децата први ја наирисаа работата, излегоја надвор, се наредија во ред и како што беа ослучени од делачо Ванчо Бабјак и така заминува кај соседната куќа на Јованоски Димитрија.

Старите василичари со надуена гајдата расеани дојдоја кај Димитрија. Тој талентиран музичар и ораџија ја презеде гајдата направија поголема веселба со песни и ора. Се слушна да Митре Бабјак внук од сестра на Димитрија надвор во ред за колбавчиња. Малите деца кај Димитрија направија цив пиле и суро. По добивањето на подарокот кобавчиња децата одат во соседната куќа на Јованоски Јован татко на Ванѓел стрико на Димитрија се отпочна во јовановата куќа со цив пиле истуребн жар на подот и газење со нозе и викање суро суро и печење на колбаси8. Синот Алексо ги пречека василичарите, а додека братот на Алексо беше на гости како зет кај здравевци во прилепско Алинци.

Откако василичарите завршија со василичарските работи ја напуштија Јованоската куќа децата по улица отидоја кај Велјановци Ванѓеловци како прва нивна работа што е сторија направија цив пиле надвор наземи од пампурот. Ги напика ражените во пампурот аржот колбаси. Додека ја завршат таа работа стигнаа и постарите и почнаа надвор да викаат каква е оваа тишина. Децата како од пушка одговорија трипати суро, суро, суро е надуена гајдата од Јованче Павлески. Василичарите послужени од домаќините со вино и ракија. Веќе Јолески Благоја во дворот дели колбаси, сите деца излегуваат први и во ред си добиваат колбавчиња и заминуваат во наредната куќа кај Стевановци или Најдовци и по стекнатиот прекар донесен од домазето Илија од Малинковци Кадијата.

Свечаната работа заврќи кај Велјановци василичарите отидоја кај Стевановци. А додека КотескиЌиро зет за ќерка на Ристе остана гостин кај Велјановци.

Кај Стевановци децата направија цив пиле со газење на јагленчињата на земјениот под. Така било за адет што поститни јагленчиња ќе се исквачеле повеќе пилиња мивчиња и гувчиња. После оваа церемонија доваѓа викањето суро, суро, сурооо. Па печење на колбаси. Гајдата на Јованче трешти ораџиите тресат на орото и го разгазуваат дебелиот снег. Гостин му е зетот за Цвета Алексо Перкоски од прилепско Алинци. Се слуша меѓу децата да станвам енадвор Китан Јанкоски во дворот дели колбаси и одат нагоре кај Благоја Велјаноски. Вратата на куќата кај Благоја е отворена. Стигнуваат и возрасните со н ауста песни загреани од топлата ракија и вино кај Стевановци одат право кај Благоја гајдаџиски ортак. Ванчо Бабјак зет Стеваноски рече, сите овие непрошетани куќи  и се рпднини на жената му Весела. Откако ќе ги дошетаме ќе се вратам како василичен гостин како зет.

Продолжува

Loading