ПЕЈО ДЕЛИ НАСЛЕДСТВО НА ЖИВОТ

Работел Итар Пејо многу години и затиштил извесна сумичка пари. Се задумал што да прави.

Си велел: ,,Да купам земја, ниви, ливади…, им помина модата. Само даноци да плаќам на гладно срце. Да ги оставам на банка, а децата ќе чекаат побргу да умрам, да наследат по нешто,,.

Решил да ги раздели парите дури е жив. Ги повикал сите.

-Синковци, ќерки, зетови, снаи, еве колку пари имам. Ви делам дури сум жив, да не чекате да умрам. Ви ги давам парите, но ве задолжувам сите подеднакво да учествувате во трошоците околу погребот мој – им рекол Пејо.

Со аманетот сакал да ги натера наследниците да молат Бога да живее подолго време, едно, како родител да не ги задолжи, а друго, да не ги клава во трошок околу погребот.

-Нека живее стариот подолго да нé не клава во мастрав околу погребот – í велел едниот син на сестра си.

-И така нема што да наследиме по неговата смрт. Тоа што беше, го подели на живот – рекла сестрата.

Наместо им биле зборовите. Нека си живее Пејо и сто години ако му дал Господ век. Никој немаше зошто да го чека да умира.

Другиот син бил на друга мисла:

-Што да се протегнува таа работа со години? Да гледаме да се сврши дури имаме по некој динар од дадените. Ако поживее подолго, ќе ги потрошиме, па ќе треба од наши да даваме – рекол другиот син.

Сите се сложија со овој предлог, само Пејо, се разбира, не.

-Да си поживеам уште 10-20 години, после кој сака нека умира – одговорил Пејо.

Loading