КЛУБ ЗА ЗАБАВА НА СТАРИТЕ

Во Точила

Здружението на пензионери може да се пофали дека се грижи за подобрување на културно-забавниот живот на многуилјадното членство. Уште лани се купи просторија со сопствени средства  во Точила. Прострот се адаптира и свечено се предаде на користење.

Се купи просторија од шеесетина м2 во Точила за мошне активниот разгранок со членство од 1300 пензионери. Таа е реновирана и опремена со инвентар, со маси, столици, клима уред и ТВ, пензионерите да го минуваат слободното време во пријатен и комфорен амбиент. Здружението потроши повеќе од 30 илјади евра сопствени средства.

Претседателот Славко Трајкоски свечено го даде во употреба во присуство на повеќе пензионери. Кажа дека последниве години се отворени четири клуба во Прилеп, во Кривогаштани и во Долнени.

-Нема да застанеме. Клубови ќе добијат и пензионерите во градов и во селата, покрај оние во населбите Сточен пазар, во Варош и Бончејца… Приоритет е обезбедување на подобри услови да разонода, за играње на шах, табла, домино, пикадо или да следат ТВ програми. Ќе може да се организираат предавања од областа на здравството, културни активности… Располагаме со најмногу и најопремени клубови – истакна  Трајкоски.

Тој укажа дека не е канцелариски претседател. Присуствува на активностите на сите разграноци. Поборник е за вклучување на повеќе жени. Во Прилеп жените, пензионерки, се застапени со повеќе од 40 отсто во телата и органите и во одборите на разграноците.                    

Loading