ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (164) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Коледари кои се сирачиња, кој без еден родител, кој без двата родители:

1.Тошески Божин, сирак без мајка Коприна;

2.Јошески Петре и Ристе голабарите сираци без мајка Донка;

3.Јованоски Блаже Мурџески, без двата родители Стојан и Темјана Мурџески;

4.Колески Ќире Чучуроски од Прилеп сирак без двата родители даден ранениче кај Колевци;

5.Колески Стојко без татко Петре и мајка Дуна;

6.Јонузоски Ќазим без татко Мемиш;

7.Павлески Богоја без татко кај Ѓаковци во Штавица;

8.Здравески Атанас без мајка Чона;

9.Јованоски Димитрија без татко Анѓеле;

10.Јованоски Тодор без татко Тале;

11.Стојаноски Стојан Котески, без мајка Елена;

12.Танески Ордан и Димко без татко Велјан и мајка Божна;

13.Василоски Милан без мајка Благуна – неговите прибраќа Блаже и Ристе без татко Андон Делоски од Штавица;

14.Стеваноски Најдо, Новаче, Младен без татко Огне Гулабоски;

15.Стеваноски Анѓеле, Гулаб без татко Ристе Гулабоски;

16.Јанкоски Богдан, Крсте без мајка Благуна;

17.Јанкоски Ладе без мајка Спасија;

18.Јанкоски Петре без мајка Грозда;

Додека Петре Бабјак ни ја раскажуваше случката со коледарите василичарите од кај него почна да излегуваат го зема подарокот колбавче и заминуваат кај Бошевци Горните. Петре си остана дома со зетот Ќиро Зенго да си гостуват со разните мезалоци и пијалоци, поставената трпеза дома во петревата куќа.

Секогаш помалите деца први трчаат за во наредната куќа за да има време колбаси со ражените во пампурот да пржат. Кај Бошевци беше гостин дојден момчето на Милица Пупески Цветан од с. Добрушево. Стасаа и возрасните василичари со музиката се разви весело оро во куќата. Василичарите послужени со вино и ракија, веселбата продолжи со гласот на малите василичари ура, ура со цивпиле и суро, суро, суро.

Во тој момент дојде и Павлески Игне со своето четири годишно дете Славе со раженчето в раце за да шета и собира колбаси. Павлевци имаа колбаси за цело село. Ама Славе сака да шета и собира колбаси како и другите деца. Татко му на Славе си продолжи да шета во остатокот од селото атер за малиот Славе. Голем ќеф Славе правеше во смеа кога некое од децата ќе му испржеја колбавче во некоја куќа во пампурот. Славе при шетањето по куќи се оддели од татко му Игне си фати дружба со помалите деца.

Откако завршија церемониите кај Коле Бошески василичарите одат кај долните Бошевци Ценовци или Борис Протуѓерот. Кај Борис Протуѓеро го сретнаме момчето од Горица Здравески Васил Сало од с. Штавица прв зет во нивната куќа. Васил беше облечен во волнен чивитен костум со ѓувезни волнени чорапи вапцани од по камењето, расти како маховина, тогаш такви беа условите. Каменицата беше прво суровина за вапцување волнени алишта. Корупка од јасен дрво послаби бубаќерни алишта со лушпи од кромид.

Кај Борис Протуѓеро се направија сите адети викање на василичарските поговорки суро од страна на децата, веселба со музикат авеќе се даде повик да надвор се делат колбавчиња. Децата се првите кои ја намирисуваат работата на колбасите. Се редат во ред со пофалба да добро викале за именката суро и затова делачот ќе му подари по едно парче колбавче на секој присутен василичар.

Првите василичари штотуку зедоа колбавчиња, замина кај комшиите Чоневци за да имаат прилика да испржат, испечат колбавче во печката. Штотуку ќе дојдат повозрасните василичари децата почнуваат со нивните адети, церемонии, се вади жар од панпурот, се ситни со ражените се вика цивпиле и суро, суро, суро. Кај Чоневци нема зетови. На василичарите со музиката беа весело пречекани со вино и топла ракија, со ора и песни.

По напуштањето на Чонеската куќа василичарите отидовме кај Таневци Крстевци. Браќата Крсте Тане и Блаже уште неделени. Нивното куќно членство броеше дваесет иседум куќни членови. Најдоме два зетови. Костоски Ѓорѓија од с. Ношпал, зет на Тане од ќерка му Илинка и Јосифоски Пецо момчето на Петра ќерка на Крсте добрушеец од Јосифовци. Нивната мајка на браќата Крсте, Тане и Блаже Анѓа Стојаница парализирана десет години беше сместена поред печката и завиткана во волнени веленца која не ни правеше никаков проблем да направиме цивпиле пржење на колбавчиња и викање на суро гледаше, слушаше и се смееше, само на жалоста бабата Анѓа ја видовме тогаш за последен пат.

Од кај Таневци браќата Павлески Игне и Јованче направија смена. Игне си отиде дома, Јованче продолжи василичар со внучето Славе и како помошник гајдаџија на шурата Алексо Бабјак. Кај Таневци Крстевци пречекот и завршетокот заврши убаво. Пречекани василичарите и испратени домаќински. Многу беше интересно, сите членови од домаќинствата си беа дома присутни, ја гледаат церемонијата на василичарите, децата со цивпилината и викањето суро погласно викање за повеќе колбавчиња и си се подсмеваат. Со ред василичарите одат по куќите. Од кај Таневци Крстевци децата василичарчиња одат кај гајдаџијата Алексо Бабјак.

Исто така како и Анѓа Танеска татко му на Алексо Велјан Бабјак со изгубен вид од пред 27 години седи покрај печката. Човек за смеа вели, вчера ние го колеме крмакот. Ако викните повеќе пати суро и направите цивпиле ќе добиете по две колбавчиња. На децата толку му фаќа акало, се дерат како петлиња непропеани и чукаат со ражените, прават цивпиле, пржат колбавчиња. Велјан не гледа, ама слуша, се смее со нас и вели, деца делачот на колбавчињата е судија, тој одлучува по колку колбавчиња вие ќе добиете.

Штотуку дојде Јованче Павлески дома кај Алексо Бабјак на дедото како зет Јованче на Велјан рака му бакна, ја надува гајдата како прво неговите внуци од синовите Митре, Раде и Крсте го фатија стариот Велјан да игра тешко оро за рамо. Велјан Бабјак без видело по гласот на музиката држи такт, некогаш бил гајдаџија и ораџија. Но исто така, се фатија синовите Ванчо и Алексо, Јолески Благоја, Китан Јанкоски, Живко Стеваноски, Јован Танески. Сите дарбосани за музика. Стоплија ракија, вино црвено. Веселбата беше голема и подолго трајна. Се изнесоја василичините колбаси. Трво беа послужени децата кој заминуваат за братот, комшијата Ванчо Бабјак.

Откако заврши веселбата со прославата на василичарите веселбата кај Алексо се преоѓаше преку ѕидот за кај Ванчо. Децата одат први, прават цивпиле, викаат суро, пржат колбаси во печката, се беше готово додека стаса елитата со музиката Истата веселба од кај Алексо се пресели кај Ванчо, гостите василичарите беа почестени со топла ракија и вино.

Продолжува

Loading