ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (162) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Немаше никакви поплаки од присутните луѓе до учителот Љубе за стореното дело со пепелта од нас. Него нашите школски и класни другарки ни се закануваа дека ќе не пријават на учителот за да добиеме ќотек како лани што не пријави Василоска Писана за креветот. Ние му одговориме, ќотекот ќе го издржиме, но учителите не обожаваат кодоши. Видовме лани, Писана не пријави, добивме прачки по рацете, а додека таа остана повторувач во истото одделение. И вас истото ќе ве снајди, сите ќе повторувате додека го направите тоа.

Девојчињата како да ги страв, ни збор за тоа нешто не гугнаа. Најверојатно од тоа што имаше наши класни другарки повторувачки се сега поново да повторуваат, ќе биди прекасно нивното школување, а додека нашата измислена тактика победи. Снегот беше дебел, денот беше сончев на средселото се одвиваше веселба со ора и песни. Ние предизвикувачите тој ден не отидовме на средселото. А како паковџи со пепелта бевме следните лица:

1.Атанасоски Јосиф Танески;

2.Велјаноски Методија Танески;

3.Дамјаноски Благоја Дамјаноски;

4.Ѓорѓијоски Ванчо Јанкоски;

5.Јовчески Томе Велјаноски;

6.Митрески Гроздан Крушкоски;

7.Митрески Ристе Мурџески;

8.Ристески Спасе Танески.

Јосиф Танески и Гоце Крушка секаде беа активни, први. Вториот ден по Божик на средселото  беше весело со ора и песни поред сдругото многу се пееше и играше песната на гајда, Прстен ти падна Нешо, прстен загуби. Додека за третиот ден за Божик поред убавиот сончев ден музиката и странските гости на сред селото се пренесе една радосна вест да брачниот пар Јованоски Душан и неговата брачна другарка Јованоска Душаница Правда ја намножиле фамилијата, му се родило дете женско, прво во нивниот брак исто и прво родено дете во новата година 1956. Покасно се дозна да нунката Стојкоска Ката Буцкоска од с. Подмол името на новороденчето дете кај Јовановци му го дала Ратка.

На 14 јануари ние учениците добивме полугодишен одмор две седмици за на 1 февруари 1956 поново да почниме со школска настава за второто полугодишно време. Во тоа за време, за полугодишниот распуст оценки на учениците не се кажуваа. Класниот раководител даваше совети ако сака ученикот да има подобар успех во учењето ќе треба да биди поблизу до книгата.

Вечерта на василичарскиот оган на средселото бевме собрани, присутни имаше запалено голем оган. Наредниот ден утрото на Василица сите со ражените в рака за нижење на колбаси се преставивме кој со подобро изработен ражен. Тргнаме како и секогаш од кај Јолевци, па кај Димитријовци, Новачевци, таму ги видоме трите Димитријовци, тројцата зетови баџанаци. Кочески Вида нод Путурус,Толепашоски Вида нод Добрушево и Маркоски Благоја Далипо од Штавица. Новиот Димитријоски зет за недавно избеганата Аргида за него.

Василичарите пратени со музика од страна на Алексо Бабјак. Ги врвиме куќите со ред има и постари василичари, ги носат своите внучиња. Кога дојдова василичарите кај Цветан Мурџески на гости беа неговите два зетови за Сребра, Цане Сиве од Добрушево и за Драгица Глигур Максим од Шелеверци познати за марулци двата гајдаџии. Се распале силна музика со голема веселба со песни и ора во дворо. Заврши веселбата кај Цветан Мурџески. Се направи василичино викање кај брат му Јован подарокот василичарите колбасите ги добија, заминаа кај Ќире Колески, извадоме оган од пампурот, провикаме за благослов на кокошките, ги добивме колбасите и се поделија на секого по едно колбавче. Децата први го зедоја подарокот колбасите кај Ќиревци и замина кај делениците Велевци кај Ушите седеја во старата куќа.

Поради се направи грешка во распортедот во шетањето се измина куќите Степан и Мите Мурџевци и Николовци сите василичари се вратија кај овие изминати домаќинства и од кај Колевци се продолжи за кај Павлевци. Од кај Колевци се приклучи со василичарите и Стојко Колески пристар човек дедо за нас. Од кај Колевци василичарите со се музика кај Павлески Ванчо. Неговите два загари ловџиски лежеја подседлани со топла облека во колибата во дворот видоме слика увеличана во рамка на татко му Петре сат голем будилник обесен на ѕидот со два синџири за навивање на сатот и ловечката пушка обесена на ѕидот.

Продолжува

Loading