ЗАЕДНИЧКА ИЗЛОЖБА НА РАЛЕВА-МИЛАДИНОВСКИ И ДРАГИЦА РИСТЕСКА

“Кодирана уметност со фрагменти” е заедничката изложба од академските уметници М-р Маја Ралева – Миладиновски и М-р Драгица Ристеска, што ќе биде отворена на 3 октомври, во фоајето на ЦК “Марко Цепенков”. Изложбата е комбинација од слики и инсталација со различни визуелни решенија.

Темата сугерира на нешто пред и потоа, на ситуации и фрагменти пред одредено време и на ситуации потоа. Кога ќе се гледа во целосна перспектива од поодминато време се има впечаток како целиот свет е соочен со ненаметливо обележје кое е веќе составен дел од нашето секојдневие.

-Авторките создаваат композиции со помош на бојата и светлината. Создаваат поинаква димензија на просторот околу нас. Кодирана уметност со фрагменти е комплексно уметничко дело кое дава можност за визуелна самовизија и поттикнување на меморијата што дозволува сами да ја направите својата приказна и го зема моментот што неволно се наметнува на нашите животи  – е посочено за делата на двете академски уметници.

Loading