ВРЕМЕ Е ЗА ПРВАТА ПОБЕДА НА ПРИЛЕП

Ракомет

Викендов е 5. рунда од машката ракометна Супер лига, во која се очекува првиот триумф на Прилеп.  Екипата на тренерот Реваз Чантурија имаше тежок распоред во претходните четири кола, така што се случија поразите дома од скопските Алкалоид и Вардар, на гости од Охрид, а првиот бод е освоен во Струга со резултат 25:25. Беше пропуштена шансата за трите бода. Но, викендов претстои дуелот дома (сала на СОУ ,,Ристе Ристески – Ричко,, сабота во 13 ч.) и нова можност за првата победа. Гостинот, предводен од тренерот и прославен голман Петар Ангелов, е нов суперлигаш, без освоен бод, по поразите – дома од скопските Вардар и Бутел, како и од Куманово, на гости од Струга.  Публиката може да ги бодри младите домашни играчи: Дамчевски, Бикоски, Вренцоски, Ангелески, Шокоски, Лозаноски, Стојкоски, Ѓорѓиески, Павлов, Христоски, покрај Грузијците Гавашелишвили, Уча и тренерот-играч Чантурија.

Женскиот тим Деспина, по поразот од Стружанка на гости со 27:18, стигна до првата победа од 31:22 дома со скопски Кузман Вардар, а викендов оди во Свети Николе кај Овче Поле.

Loading