ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (161) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Марул во 1956 година

Се наближува Нова година и Божик заедно со снегот кој наврна и до половина метро. Одговорните сточари и жители направија проодни патчиња до реките и кладенците, истото го сторија, направија проодни патчиња и до училиштето. Доваѓа денот Божик. Се знае дечки разговор наоколу загреаната печка во училницата, кој колку јагниња има во трлото, кој колку врапчиња фатил за омрсување за Божик. Кој колку пари зеле од предадениот тутун предаден со договор преку монополо во Прилеп.

Кој со каква облека и обувки ќе го дочека празникот Божик. Кој ќе оди вечерта на коледарскиот оган на средселото. Каква делба ќе има вечерта на Бадник после вечерата. И дали некој од учениците ќе оди да шета по куќи на Коледе.

Одговорот е јасен, никој не би требало од учениците да оди на Коледе поради школската настава е поважна од коледарската традиција. За таквите неоправдани отсуства можи поведението на ученикот да му се намали и ученикот можи да повторува. Во тоа време со три неоправдани изостаноци поведението ќе му се намали на двојка и ученикот ќе повторува, такви беа школските закони во тоа време. Во половината на месецот ноември 1956 година дотогашната наша учителка Котеска Драгица се омажи за подмолскиот учител Бутлески Славе родум од с. Маргари, прилепско. Со нејзиното мажење за Славе дојде до извесни промени на наставничкиот кадар. Учителката Драгица Котеска од Марул отиде во Подмол за учителка. Славе од Подмол отиде за учител во с. Лопатица, прилепско. Лопатичкиот учител Вузески Љубе, родум од с. Тополчани дојде за учител во Марул.

До новогодишните празници убаво се распознаме со учителот Љубе и не ни беше тешко за да ги изведиме скечовите и стихотоворбите пред присутните гледачи во нашето училиште за Новата година 1956. Вечерта пред Коледе на огнот отидовме на средселото снопче ржана слама си поминаме уште поубаво, радосни на големиот оган. Наредниот ден, Коледарите шетаа по куќи низ селото со музика од гајда, свирач беше Петрески Алексо Бабјак. Сите ученици си беа на школска настава.

Со неодењето на Коледе девојчињата нас машките ученици не провоцираа да ни е страв од ќотек како лани на Коледе кај Василоски Трајан гледајќи го нивниот кревет со колца ја турнаме печката односно пампуро го срушиме со се бории, бевме обвинети, истерани надвор, булина не добивме, кажани на учителката и добивме по две прачки на рака кажа Василоска Писана наша врсничка и ученичка.

Со рушењето на печката не беше наша грешка. Ние поседнати на кревето Павлески Борис не размислувајќи што ќе се догоди го турна кревето со се нас во печката и стана хаварија.

Ние машките ученици му возвраќаме на девојчињата, ќе одиме на Коледе кога вие ќе почните да месите булина, а не да чекате да ви месат леб вашите мајки и стрини со кои живеете. Мажите и вие да одите коледарки како Султана Танеска преоблечена во машка носија и ајде во селото на Коледе ојданки едни помешана смеа од девојчињата и машките ученички и ученици до училничката печка. Зборот ојданка се однесува на лице од женски пол со слаба сопствена  свест.

Конечно доваѓа и денот Бадник пред Божик со посебна чест и веселба поготово од помалите деца, ќе има богата посна бадникова вечера. Собрани сите членови на софата, трпезата без лутење на некое дете. Домаќинките спремаа за вечера разни јадења. Мазник со печени кори на вршник, некаде сарма и посен грав со коледарски булина за сите во куќата поготово кај малите деца предизвикува радост со делењето на бадниковиот дел костење, јаболка, круши, смокви итн. Некаде кај малите деца се појавува незадоволство при делбата на делот. Ќе го замешаат нивниот дел со од родителите и посекако сиот дел ќе биди нивни, за тогашен мир и задоволство. На наредниот ден утрото на првиот ден на Божик стануваат луѓето, се измиваат лице и се омрсуваат со врапче, потоа одат в црква и на гробишта раздаваат со запалени свеќи на гробовите нешто задушница. Главното раздавање го прават на трпезаријата во Тремот со топла ракија. Младите со костење ја играат играта чимиток одговор чифт или тек, еден е печалник, еден губитник.

По враќањето од кај црквата домашаќините си носат зелени гранчиња, се ставаат во печката и се благословува за луѓето и стоката со изговор за машки дечиња, за женски јагниња, за здравје на луѓето и приплод и напредок на добиците, стоката и за бериќет на житната култура.

Трпезата е поставена од вечерта, не се крева, се поставува топло мрсно јадење, птично јадење поради на првиот ден на Божик не се јади свинско месо, се пазат од прилив на вошки.

После доручекот на сред селото писнува гајдата во тогашно време претежно на Алексо Бабјак за преку денот има повеќе гајдаџии како Јованче Павлески, Ванѓел Бабјак, Ванчо Бабјак, Димитрија Јованоски, Благоја Велјаноски, Димко Танески, Димитрија Бабјак и др. Ората се делеа на машки, тешки, за рамо и женски, ситни, за рака помешани со народни песни, Женил се Петре војвода, Што вечера Јано си имате, Девојче бело црвено која се пеела уште пред 150 години према кажувањето од постарите марулци. Гајдински ора се Тешкото машко оро весело потпомогнато со пијалак и мезалак. Беранче, Куцаното, Куцаното Џангурица, Тресеница, Марица или наречено Невестинско. Со овие песни и ора се тераше веселба на сред селото.

Ние учениците од четврто и второ одделение на први ден на Божик си идиме од училиште, застанаме кај коледарскиот оган од вечерта на тумбата Колеска, зедовме прачки и почнаме да ја буричкаме пепелта за да провериме дали има уште жива неугасена пепел, жар. Покренаме во пепелта, навистина имаше сеуште жива пепел. Во буричкањето од повеќе деца се крена пепел, дувна посилен северен ветер. Се дигна пепел во прашина и отиде во правец кај насобраните луѓе ораџии и сеирџии на средселото, почна пепел да паѓа по нивните алишта. Некој од присутните на сред селото ни се заканија со ќотек.

Ние како деца не размислиме што ќе се догоди, не намерно беше направено. Видоме да ќе го извлечеме подебелиот крај од стапо, се растуриме и со се бегање го фатиме дворот од Цветан Мурџески и се разотидовме сите дома.       

Продолжува

Loading