МУЛТИМЕДИЈАЛЕН ПРОЕКТ  НА ЕМИЛ СОЛЕСКИ

Уметникот Емил Солески во неолитскиот локалитет, Заливот на коските во  Охрид, се претстави со  проектот “Керамикум во мермер”. Мултимедијалниот проект се фокусира на куќата – Желбеник како трансцедентен објект на субјективното доживување.

“Желбениците” се создавани во едно време, невреме, кога почнав да фантазирам за едно време, а можеби и невреме, можеби, велам оти е изгубена од хоризонтот, но не е загубена од видокругот на археолозите. Керамикум, Неолит, Младо камено време, време на куќата како место во кое се концентрира и генерира нуклеусот на семејството и претставува центар во кој се дефинираат бројни вредности, тенденции и принципи. “Желбеници” е визуелна прошетка во неолитските локалитети, Врбјанската чука, Заливот на коските, Велушката тумба, Церје, Барутница, дополнета со инсценирана уметничка инсталација и музика.  Во фокусот се “желбеници”, скулптурално-архитектонски објекти, рачно изработени од мермер од прилепско (различни по боја, текстура, чистина и визуелно-технички карактеристики). На желбениците релјефно се прикажани “мнемонички декорации”, едноставни линеарни прикази на трите основни елементи, земја, вода, сонце, и други симболи. Проектот содржи 28 желбеници. Го третира македонскиот неолит како тема која, со актуелизирањеќе ја збогати мапата на туристичка понуда, како дел од богатото културно-историско наследство на нашата земја – вели Солески, додавајќи дека преку звуците на тамбурата на Марко Солески, се потсетило на традицијата.

Loading