ПРИЛЕП ТРЧА

Стотина млади и возрасни се вклучија во атрактивната ноќна трка низ улиците на градот, насловена “Прилеп трча”. Рекреативниот карактер на патеката долга 5 км. имаше за цел да ја поттикне свеста кај граѓаните за создавање на здрави навики со спортот, особено со  трчање.

Традициијата се одржува по двегодишна пауза заради пандемијата. Годинава пак се збогати и програмата на манифестацијата Европската недела на мобилност.

Организатори беа Општината и АОК Златоврв.

Европската недела на мобилност се организира низ центарот за подигнување на свеста за одржлива урбана средина, за промоција на чисти, еколошки решенија, за афирмација на планинарењето… Деца се натпреваруваа во умешно возење со велосипед. Се претставија и извидниците.

Loading