АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Не се величај во светот на џуџињата.

х

Политичари не се ситничари. Грабаат само на големо.

х

За да бидеш дел од решението немој да создаваш проблеми.

х

Кој бара преку леб погача, додај му ја мотиката.

х

Не посегнувај по се’! Може да се случи да останеш без раце.

х

Дали е можно еволуцијата  да тргнала обратно? Меѓу луѓето се забележуваат се’ повеќе – мајмуни!

х

Кој низ функции поминува, редовно од народот си подлапнува.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading